Косовското движење Самоопределување најави дека денеска ќе организира демонстрации во Приштина, поради најавите за одржување на српските избори во Косово во недела. Учесниците ќе фрлаат смет пред зградата на Владата и Мисијата на Обединетите Нации, изјави лидерот на Самоопределување, Ајбин Курти, кој смета дека УНМИК и институциите на Косово, иако можеле, не направиле ништо да оневозможат одржување на српските избори на територијата на Косово.