Вашингтон: Според САД Северна Кореја и помагала на Сирија во изградба на нуклеарен реактор

Соединетите Држави соопштија дека веруваат оти Северна Кореја и помогнала на Сирија да изгради таен нуклеарен реактор кој не е за мирољубиви цели. Според Белата Куќа, тоа е опасен и потенцијално дестабилизирачки момент за светот. Сирија ги демантира ваквите тврдења. Соопштението од Белата Куќа дојде откако разузнавачки претставници ги информирале американските законодавци дека сиријската нуклеарна постројка била уништена од страна на Израел во минатата година.