Медијскиот магнат Руперт Мардок бара од Соединетите Држави да ја разгледаат идејата за преобликување на НАТО сојузот. Во колумната во Вол Стрит Џурнал, весник што е во негова сопственост, Мардок оценува дека на Европа и недостигаат политичка волја и социјална култура за позначјано да учествува во операциите на Алијансата. Како докази ги наведува проблемите со кои НАТО силите се соочуваат во Авганистан. Тој сугерира проширување на НАТО и со земји кои не се од Европа, како Јапонија, Австралија и Израел.
Руперт Мардок смета дека идејата позната како Запад би требало да го прошири своето географско значење и да биде редефинирана во, како што вели, заедница на вредности, институции и желба да се дејствува заеднички. Како и Мардок и експертот за меѓунарона безбедност на Американскиот институт во Вашингтон Патрик Џексон го гледа Авгананистан како индикација за улогата на НАТО во почетокот на дваесет и првиот век. Но, како што додава, Авганистан не само што и бил домаќин на Ал Каида кога оваа организација ги планирала нападите врз Америка, туку таа земја, со големата продукција на опиум и со тренинг центрите за исламските милитанти е голема закана и за Европа.
„Сосема е разумно што НАТО е инволвиран во Авганистан. Фактот што талибанците креираа свои упоришта таму покажува за колку опасна земја станува збор.“
Џексон и со оценка дека идејата на Мардок повеќе звучи како некаков бизнис договор со кој земјите се согласуваат да работат заедно на некоја краткорочна цел, а потоа секоја си оди на своја страна се додека не ги зближи некоја наредна цел. Но, според него, НАТО повеќе е брак во кој се делат вредности кои се подлабоки од некаква конкретна задача. Џексон додава дека Соединетите Држави скоро цел век развиваа длабоки политички и културни односи со Европа. Токму поради тоа е незамисливо Соединетите Држави драматично да ја сменат основната структура на НАТО или уште помалку да излезат од него.
„Единствен разумен начин за Соединетите држави да речат ,,Веќе нема да го правиме ова,, е само доколку го сменат својот имиџ и речат ,,Ние веќе немаме обврски спрема Европа, си имаме своја земја и си работиме сами,,. Но, тогаш тоа е крај и на НАТО.“
Џексон додава дека идејата за формирање мали сојузи за секоја криза посебно како онаа на претседателот Буш за Ирак има многу слабости. За разлика од него, професорот Мајкл Рубин вели дека токму на вакви ад хок алијанси Соединетите држави би требало да сметаат и во иднина:
„Дел од проблемот од една страна е Европа. Многу политичари сакаат да говорат за нешто како европско единство. Но, проблемот е што Европската унија се уште десјтвува со околу дваесет различни надворешни политики.“
Рубин оценува дека предлогот на Мардок не е перфектен, пред се затоа што ќе треба повторно да се гради структура што ќе оди многу бавно.
„Второ е традиционалното прашање на интероперабилноста, односно како различните членки во коалицијата ќе можат да комуницираат.“
Според Рубин, можеби на НАТО му треба малку конкуренција за да избере некоја од алтернативите за неговото идно дејствување.