,,Подготвени сме за неодложни преговори со поранешната југословенска република Македонија,, изјави денеска во Атина грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани на годишниот конгрес, организиран од весникот „Економист“. Бакојани повтори дека Грција е подготвена да ја прифати Македонија во евроатланските структури, само доколку биде решено прашањето за името.