Техеран: Иран го прославува Денот на нуклеарната технологија

Иран денеска го прославува Денот на нуклеарната технологија, кој се слави од пред две години, кога Техеран соопшти дека за прв пат произвел збогатен ураниум до нивото потребно за нуклеарно гориво. Претседателот Махмуд Ахмадинеџат, во обраќањето во нукеарната централа во Натанз, најави дека Иран ќе инсталира 6 илјади нови центрифуги за збогатување ураниум. Западот страхува дека Иран би можел да ја искористи цивилната нуклеарна програма за развивање на нукларно оружје.