Ерусалим: Кондолиза Рајс во обид да поттикне разговор меѓу Израелсците и Палестинците

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ги продолжува разговорите во Израел и на палестинските територии во обид да ги поттикне преговорите меѓу двете страни. И покрај американските напори да се постигне конечен договор до крајот на годинава, нема поголем напредок во мировните преговори меѓу израелците и палестинците кои, по седумгодишни насилства, почнаа во ноември лани.