Белград: Лоша вест е одлуката на Џорџ Буш за испорака на оружје на Косово, оцени Борис Тадиќ

Претседателот на Србија Борис Тадиќ оцени дека одлуката на американскиот претседател Џорџ Буш за испорака на оружје на Косово е лоша вест и оти Вашингтон морал да се воздржи од таквиот чекор. ,,Оваа одлука доаѓа во многу чувствителен момент за Србија и за српскиот народ на Косово и не ја поддржувам,, изјави Тадиќ.