Скопје: Поединечни средби на премиерот Груевски со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА

Претседателот на владата на РМ Никола Груевски денеска ќе има поединечни средби со лидерите на СДСМ, ДУИ и на ДПА, Радмила Шеќеринска, Али Ахмети и Мендух Тачи. На нив, како што соопшти министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, премиерот ќе ги запознае со својот став дека ниеден од трите предлози што медијаторот Метју Нимиц ги изнесе на преговорите во Виена, не претставуваат разумен предлог за изнаоѓање решение, бидејќки во изминатите 15-тина години секој од овие предлози барем еднаш бил одбиван од едната или другата страна во преговорите. Милошоски најави дека во рамките на редовните консултации Груевски ќе има средба и со претседателот Бранко Црвенковски, вечер или најдоцна утре по неговото враќање од Словенија, на која ќе присуствува и македонскиот преговарач Никола Димитров.