Москва: Роберт Гејтс оптимист за договор со Русија околу против ракетниот систем

Американската државна секретарка Кондолиза Рајс и Секретарот за одбрана Роберт Гејтс ја завршија дводневната посета на Русија.Таму тие се сретнаа со нивните колеги Сергеј Лавров и Анатолиј Серџуков.
По средбите Гејтс изрази оптимизам околу постигнувањето договор помеѓу Вашингтон и Русија за поставување на противракетен систем за одбрана до крајот на мандатот на Американскиот претседател Џорџ Буш.