Делегација на Здружената команда на НАТО во Неапол предводена од командантот адмирал Марк Фитџералд денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.Тие ќе се сретнат со началникот на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски и со заменик министерот за одбрана Илијаз Халими, при што ќе им биде презентиран достигнатиот степен на реформи во одбраната и трансформацијата на Армијата. На средбата ќе стане збор и за учеството на припадниците на АРМ во мисиите предводени од Алијансата, како и за соработката со Штабот на НАТО во Скопје и советодавниот тим.