Мандатар за составот на новата црногорска Влада ќе биде претседателот на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, додека кандидат за претседател ќе биде потпретседателот на партијата и актуелниот шеф на државата, Филип Вујановиќ одлучи синоќа Главниот одбор на владеачката црногорска партија. Досегашниот премиер Жељко Штурановиќ поради болест поднесе оставка на функцијата.