Скопје: Денеска погреб на првиот претседател на Владата во независна Македонија Никола Кљусев

Денеска во 13 часот во алејата на великаните на градските гробишта во Бутел ке биде погребан првиот претседател на владата во независна Македонија акеденик Никола Кљусев. Утринава од 9 часот во Свечениот хол на Собранието ќе бидат изложени посмртните останки на академик Кљусев, каде граѓаните ќе можат да му оддадат последна почит и да се потпишат во Книгата на жалост. Почесна стража ке одржи и државниот врв. Во мегувреме во негова чест закажани се комеморативни седници на МАНУ и на македоснкото собрание. Денешниот ден е прогласен за ден на жалост а владата вчера одлучи постухумно да го прогласи Кљусев за заслужен граганин на Македонија. Кљусев почина во средата на 80 годишна возраст. Роден е во Штип на на 2 октомври 1927 година. Беше претседател на првата влада на независна Македонија од 1991 до 1992 година. Во 2000 година беше минситер за одбрана а смртта го затекна на функцијата претседател на управниот одбор на агенцијата за директни странски инвестиции.