Единаесет припадници на Армијата на Република Македонија ги загубија животите во трагичната хеликоптерска несреќа во близина на скопскиот аеродром, ваква трагична загуба на припадници на безбедносните сили земјава не памети и нема доживеано во својата понова историја, рече претседателот Бранко Црвенковски на комеморативната седница што започна со едноминутно молчење.
„Стануваше збор за војници и старешни до крај посветени на својата професија. Врвни професионалци кои достојно ја претставуваа Република Македонија во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина заедно со воените контингенти од 10-тина други држави.“
Изјави Црвенковски кој додаде дека само најдобрите во АРМ ја имаат честа да бидат дел од мегународните мисии во различни делови во светот, каде што нашата држава придонесува за мирот и безбедноста. Шефот на државата истакна дека обврска е на земјава да се грижи за нивните семејства, потомци. Министерот за одбрана лазар Еленовски укажа:
„Едно е да ја сакате и браните Македонија од дома, а сосема различно надвор, онаму каде не признава и вреднува светот во мировните мисии.“
Началникот на Генерал штабот на АРМ Мирослав Стојановски рече дека тие со своето однесување покажале пред мегународната јавност дека Македонија има кадар кој според способноста, доследноста и резултатите стои рамо до рамо со претставниците на армиите од земјите членки на НАТО:
„Делото на овие млади луѓе ќе биде запаметено во поновата историја на Македонија и на Армијата на Македонија, бидејќи со својата несебична посветеност и ангажираност во мировната мисија заедно со останатите припадници на РМ во другите мисии, не беа само мисионери туку и достојни амбасадори на Македонија.“
Кажа Стојановски.
По комеморацијата некои од колегите на загинатите рекоа:
„Колегите ми беа меѓу најдобрите. Затоа и беа одбрани да одат во мисија. Тие беа елита.“
Изгубивме вистински борци за мир, рече поглаварот на македонската православна црква г. г. Стефан:
„Вистински синови на Македонија, кои вистински ја претставуваа, градејќи го мирот, бранејќи ја слободата таму каде што беа ангажирани.“
Истрагата за причините за несреката продолжува, а утрешниот ден кога ке бидат погребани единаесетте припадници на АРМ е прогласен за ден на жалост.