Скопје: Православните христијани го празнуваат Божик

За многу години Христос се роди. Православните христијански верници во Македонија и светот денеска го слават Божик, раѓањето на синот Божји Исус Христос. Оваа две илјади и осма се навршуваат Пеесет години од историскиот Црковно народен собор одржан во Охрид, кога беше обновена Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква која пак, како што е познато, беше неканонски укината во илјада седумстотини шеесет и седмата. ,,Потсетувајќи се на историскиот настан, да се поучиме на решителноста на соборјаните и сите кои копнееја за духовна и црковна слобода на македонскиот народ, за да можеме достоинствено да го чуваме и надградуваме нивното свето дело,, се вели во божиќното послание на Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан.