На политичката сцена во Македонија речиси целата година мина под знакот на меѓупартиските препукувања во врска со забелешките на Меѓународната заедница за непостоење политички дијалог меѓу власта и опозицијата. Се разбира, секогаш виновен за тоа беше оној другиот. А се почна уште на 4-ти јануари, кога опозициските СДСМ и ДУИ не ја прифатија поканата на премиерот Никола Груевски за лидерска средба, поради, како што рекоа, измените на изборниот законик што владата ги донела без консултации со опозицијата
„Денеска се виде кој е тој што сака да разговара и да има дијалог, а кој не сака да го има дијалогот,“
изјави тогаш Груевски. Дополнително атмосферата се подгреа неколку недели потоа, кога ДУИ и тогаш опозициската ПДП донесоа одлука за напуштање на парламентот, поради, како што рекоа:
„Ние како опозицијата бевме конструктивни, да направиме обид уште еднаш да се обнови дијалогот, меѓутоа немавме успех, затоа што секој си останува во својот ров и има своја агенда.“
„Секако дека нема смисла да се учествува во работата на Парламентот, каде што не се почитуваат законите, уставот, деловникот,“
рекоа Абдуљади Вејсели од ПДП и Рафиз Алити од ДУИ. Поголем пресврт на политичките збиднувања се случи на 29-ти мај, кога под силен притисок на меѓународната заедница, лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ Груевски и Ахмети постигнаа спогодба, која подоцна се нарекуваше Мајски договор. Според Џевад Адеми од ДУИ, која тогаш се врати во парламентот, меѓу другото, постигната е согласност и за:
„Рекомпонирање на комитетот за меѓуетнички односи. Донесување закон за тој комитет. Состав за листа од 45 закони кои ќе треба да се гласаат со двотретинско мнозинство.“
Меѓутоа, во ВМРО ДПМНЕ упорно тврдеа дека била постигната само усна согласност:
„Не постои никаков потпишан Договор, за да може да биде презентиран во Собранието,“
изјави координаторот на пратеничката група Силвана Бонева, на барањето на опозицијата договорот да биде презентиран пред собранието. Премиерот Никола Груевски во октомври, за време на посетата на високиот претставник на американскиот Стејт департмент Розмари ди Карло, го повтори ставот на партијата:
„Нема мајски договор, денеска кажа и самата ДУИ дека станува збор за усмена согласност за неколку прашања.“
А Американката, пак, со поинакво мислење и со порака што треба да се направи за побрз чекор кон НАТО.
„Имплементацијата на Договорот од 29 мај, спроведување на Охридскиот договор и некои други работи, но не велиме и дека ништо не е направено.“
Во меѓувреме, се случија уште неколку неуспешни обиди за доближување на ставовите и упатување барем некакви позитивни сигнали. Нешто поинакви тонови од средбите на лидерите на четирите најголеми партии почнаа да се појавуваат на нивниот собир кон крајот на ноември. Тогаш и на наредната сесија беа усогласени неколку закони кои беа камен на сопнување во текот на целата година.
„Денеска имавме сериозен прогрес за многу точки, има една добра клима за овие прашања. Добро е што е така, затоа што имаме шанса за добивање на покана за НАТО и во тој правец правиме дополнителни чекори од минатата средба. Оваа средба веќе имаме нови успешни чекори во правец на усогласување на закони, на усогласување на судскиот совет.“
„Сметам дека беше добар процесот на усогласување. Еден дел од овие закони ќе бидат и подобрени и со право ќе бидат поддржани од Собранието,“
изјавија по втората релативно успешна средба лидерите на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Радмила Шеќеринска. А собранието, како што се очекуваше, експресно ги донесе законите за комитетот за односи меѓу заедниците, за советот за јавните обвинители и за јавно обвинителство, а во претходните месеци за тоа беа потрошени многу часови во јалова расправа, тони хартија и милиони денари за дневници. Договореното од големата четворка пратениците ќе го финализираат на седница закажана за првите денови од новата година.
Тоа беше расплетот, барем така изгледа, а кулминацијата на лошите односи се случи на 25-ти септември во парламентот, кога, првпат во кратката историја на плурализмот во Македонија, бевме сведоци на физички пресметки меѓу пратениците
„Кога јас се обидов да одам кон моето место, тогаш позади ме удри Садула Дураку и после целата пратеничка група. Меѓутоа, тука беше обезбедувањето на Собранието и случајот заврши.“
„Се срамам што господинот уште еднаш докажа до каде е границата на лудилото.“
„Го повикувам јавниот обвинител и оттука го информирам дека на тој ден јас добив лични, смртни закани,“
рекоа Абдуљади Вејсели, Џевад Адеми и Теута Арифи. Тие денови се случија и напад на новинар во собранието од страна на член на обезедувањето на ДУИ, како и претепување на камерман од страна на полицијата на автопатот Скопје- Тетово. Во знак на протест, и тоа се случува првпат кај нас, новинарите ги бојкотираа пресот на владата и митингот на ДУИ. Во врска со овие настани во собранието беше формирана анкетна комисија, која требаше за седум дена да каже кои се виновниците. Но и покрај определениот рок и многуте препораки и закани од меѓународната заедница за расчистување на овие случувања, комисијата работеше речиси месец и пол, а заклучоците не беа едногласно донесени. Се очекува собранието да ги разгледува во почетокот на идната година.
А сите досега кажани работи беа потврдени и во годишниот извештај на Европската Комисија во ноември
„Соодветна имплементација на сите обврски преземени со спогодбата за стабилизација и асоцијација. Воспоставување на политички дијалог, спроведување на законот за полиција, заокружување на судските реформи, усвојување на законот за јавно обвинителство, деполитизација на јавната администрација,“
истакна претставникот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере. Сепак, тоа не беше доволен повод за нашите политичари да ги согледаат грешките и да извлечат поука. Продолжија по старо, опозицијата со дрвја и камења по владата, а премиерот Груевски со сличен одговор:
„Во области во коишто во минатото имаше повеќе слабости сега има повеќе прогрес. Тоа се воглавно работи каде што владата сама може да дејствува, без да зависи од опозицијата или други фактори во државата.“
Тоа го поттикна Фуере во интервјуто за Радио Слободна Европа да ја искара македонската политичка елита:
„Она што прецизно побаравме од сите партии е да не губат време во меѓусебни обвинувања. Многу подобро за владата и сите партии е да го прифатат извештајот како свој и да го искористат за придвижување нанапред. Така што, одговорноста е заедничка. Не станува збор за вина на владата или опозицијата. Одговорноста им припаѓа на сите нив.“
Многу битен сегмент од ситуацијата годинава беше безбедносната состојба, имајќи го предвид сето она што се случуваше во врска со одредувањето на конечниот статус на Косово. Поголеми нарушувања на безбедноста беа регистрирани по нападот на полициска патрола во кумановско Ваксинце
„Три службени лица од полициската станица Матејче се повредени, при што командираот Фатмир Алили починал на пат кон Медицинскиот центар Куманово,“
соопшти портпаролот на МВР Иво Котевски. Месец и пол подоцна во заседа кај караулата Кодра Фура на границата со Косово беше убиен еден полицаец, а двајца беа ранети. И по двата инцидента расправаше собранието, а опозицијата бараше меѓу другото и оставка од министерката Јанкуловска. Заседаваше и националниот Совет за безбедност. А на 7-ми ноември се случи Планинска бура, голема интервенција на полицијата во три потшарланински села, каде што, според МВР се криеле криминални групи предводени од луѓе што избегаа од косовскиот затвор Дубрава. Во акцијата беа убиени шест лица, меѓу кои и еден од водачите на криминалците. И овој настан не помина без политички препукувања за мотивите, наводното малтретирање на цивили, лошо постапување со приведените и слично. Меѓународните претставници, пак, рекоа дека се било според прописите.
„Можам да кажам дека ние бевме известени за оваа акција на безбедносните сили. Она што ме импресионираше е дека беше изведена со мулти етнички полициски сили и тоа ја истакнува важноста на вакви структури во земјата,“
изјави Викторија Нуланд, американска амбасадорка во НАТО, која упати и политичко- атлетска порака до македонските политичари како да го минат патот кон алијансата
„Нашата порака денеска е дека кога трчате маратон не можете да се релаксирате на последните две милји туку треба во спринт да дојдете до финишот. Значи, завршување на работите коишто беа договорени на 29 мај и во Охрид. Исто така тоа значи и продолжување на зајакнувањето на владеењето на правото, судските реформи.“
Преку целата 2007 година медиумите беа преплавени и со вести и слики од апсења на обвинети за криминал , корупција, злоупотреба на службената должност. Политичари, доктори, директори, цариници, полицајци, наплатувачи на патарина. Сето тоа беше проследено со обвинувања од опозицијата за селективност во борбата против криминалот, а од организациите за заштита на човековите права за непочитување на пресумпцијата на невиност. Најжестоко беше на почетокот од август, кога поранешниот премиер Владо Бучковски беше обвинет дека кога бил министер за одбрана, го оштетил буџетот за три милиони евра при набавка на резервни делови за армиски тенкови. Во мачна атмосфера на седница на собраниска комисија му беше одземен пратеничкиот имунитет на Бучковски, на што опозицијата жестоко реагираше дека не била почитувана парламентарната процедура. Тој, пак, се врати од одмор од Грција за да се брани во комисијата:
„Грубо беше повредена процедурата. Беше јасно дека со моето враќање, со прекинувањето на годишниот одмор го расипав дел од нивното сценарио.“
Потоа Собранието го потврди одземањето на имунитетот на Бучковски, а судот реши тој да се брани од слобода. Судењето се уште трае. Големо внимание кај јавноста и кај медиумите предизвика и случајот Кокаин. Имено, на Божик на граничниот премин Блаце полицијата во камион заплени речиси половина тон кокаин во вредност од околу 40 милиони евра, со потекло од Венецуела, а крајната дестинација требало да биде Грција. За тоа беа обвинети возачот на камионот и македонската државјанка Станислава Полетан Чочоровска, која тогаш живееше во Србија и за која се тврдеше дека била блиска на режимот на Слободан Милошевиќ и кумашинка на Жељко Ражњатовиќ Аркан.
„Отворале фиктивни фирми во Венецуела, Србија и во Грција. Преку нив вршеле увоз извоз на одредени стоки, зад коишто се криел транспортот на кокаин,“
изјави Иво Котевски. По четиримесечно чекање и обиди на Чочоровска да добие српско државјанство и да ја избегне екстрадицијата, сепак во мај таа и беше предадена на македонската полиција. Епилогот на кокаинската афера беше познат на крајот на ноември. Чочоровска и возачот на камионот добија затворски казни во траење од по 14 и пол години.
Сепак, кога се ќе се собере и одземе, она што најмногу ја потресе македонската јавност во изминатава година не е политички настан и не беше во Македонија. Се случи на 16-ти октомври, рано наутро, некаде во Хрватска. Трагедија која ја потресе не само Македонија, туку и целиот регион. Во сообраќајна несреќа загина Тоше Проески, човекот кој го сакаа сите.
„Ги сакаше луѓето, се грижеше за нив, одржуваше хуманитарни концерти, но тоа е животот.“
„Во срцето на сите луѓе денеска е голема тага, не само во македонија. Мислам дека Тоше е неповторлив.“
„Ќе остане во нашите срца засекогаш.“
Оваа трагедија како ретко кога ги сплоти сите, никој не остана рамнодушен. Големата тага и празнина остануваат засекогаш, а и надежта дека во 2008-та година ќе царуваат работите кои беа одлика на Тоше Проески- дарба, работливост, добродушност, хуманост, љубов.
Радио Слободна Европа програма на македонски јазик ви пожелува многу посреќна и побериќетна година.