Американскиот Конгрес одобри седумдесет милијарди долари за финансирање на воените операции во Ирак и Авганистан. Парите се дел од петстотини пеесет и пете милијарди долари предвидени за финансирање на американската федерална влада. Сенатот и Претставничкиот дом законот веќе му го доставија на потпис на претседателот Џорџ Буш.