Копенхаген: Денеска предвремени избори

Во Данска денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори. Актуелниот премиер Андерс Расмунсен ги закажа изборите 15 месеци порано во обид да добие уште еден мандат, но последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека централно – левичарската опозиција значително се доближила. Главно прашање во изборната кампања беше имиграциската политика по минатогодишните протести на муслиманите кога беа објавени карикатури на пророкот Мухамед во дански весници.