Приштина: Шефот на УНМИК Рикер изрази уверување дека безбедносната ситуација не Косово ќе биде мирна

Шефот на УНМИК Јоаким Рикер изрази уверување дека безбедносната ситуација на Косово, пред и по десетти декември ќе биде мирна и стабилна. Ова тој го изјави по состанокот на кој со командантот на КФОР Кзавиер де Марнак и со косовскиот премиер Агим Чеку се разговарало за состојбата на Косово. Премиерот Чеку прецизира дека станало збор за настаните што би можело да се случат откако, како што рече, станува јасно дека по десетти декември нема да има друг избор освен еднострано прогласување на косовската независност.