Кабул: Германија ќе го продолжи присуството во Авганистан

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека германските трупи ќе го продолжат присуството во Авганистан. За време на нејзината посета во таа земја, Меркел изјави дека авганистанските безбедносни сили треба да имаат поголеми надлежности во земјата. По средбата со претседателот Хамид Карзаи, таа соопшти дека Германија ќе ја разгледа можноста за проширување на поддршката за тренинг на авганистанската полиција.