Багдад: Ирачкиот вице премиер побарал од Турција време за справување со курдските бунтовници

Ирачкиот вице-претседател Тарек Ал Хашеми побарал од Турција да им даде време на ирачките власти да се справат со курдските бунтовници во северен Ирак. Според агенцијата Анатолија, Хашеми вчера имал средби со турски официјални претставници, при што изјавил дека доколку ирачката влада во одредено време не успее да ги спречи активностите на курдските бунтовници, Турција ќе има право да превземе мерки за заштита на нејзината безбедност. Турскиот парламент денеска треба да гласа за авторизирање на воените сили за превземање акции во северен Ирак. Соединетите Држави предупредија дека таквиот потег на Турција би можел да предизвика опасна дестабилизација во регионот.