Луксембург: Карла Дел Понте ќе информира за соработката на Србија со Хашкиот Трибунал

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Луксембург треба да донесат одлука дали да ја парафираат спогодбата за стабилизација и асоцијација со Србија. Претходно министрите ќе бидат информирани од главната обвинитилка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте за степенот на соработката на српските власти со Судот. Се очекува извештајот на дел Понте да биде релативно поволен за Белград. Евроминистрите ќе расправаат и за преговорите за идниот статус на Косово.