Скопје: Посета на воена делегација на Република Србија

Воена делегација на Република Србија, предводена од началникот на Генералштабот Здравко Понош денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Тој ќе разговара со началникот на Генерелштабот на АРМ Мирослав Стојановски и со министерот за одбрана Лазар Еленовски. Ова е прва посета на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија по зачленувањето на оваа земја во Партнерството за мир.