Загреб: Шестмина пожарникари загинале во гаснење на шумскиот пожар на островот Корнати

6-мина пожарникари загинале, а 7-мина биле повредени при гаснењето на шумскиот пожар на островот Корнати. Хрватскиот премиер Иво Санадер изрази сочувство до семејствата на загинатите, истакнувајки дека владата ќе инсистира на темелна истрага како дошло до трагедијата. Хрватската полиција соопшти дека 8 лица се уапсени под сомнение дека се подметнувачи на пожарот на Корнати.