Атина: Три дневна национална жалост во Грција за жртвите од пожарите

Грција прогласи тридневна национална жалост откако бројот на жртвите од пожарите што ја зафатија земја достигна 52 лица. Пожарите главно го зафатија јужниот полуостров Пелопонез. Огнената стихија веќе зафати површина од околу 70.000 хектари шума како и стотици куќи. Голем број европски држави веќе доставуваат помош за Грција да се справи со пожарите по апелот на државата упатен вчера, јавуваат агенциите. Франција објави дека испраќа четири авиони-цистерни и 72 пожарникари. Помош пристигнува и од Шведска, Германија и Норвешка, Кипар и други. Европската комисија соопшти дека е во контакт со 30-те држави кои учествуваат во т.н. механизам на заедницата за цивилна одбрана каде се и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка. Помош најави и македонската влада.