Москва: Враќањето на стратегиските бомбардери на долги летови не е враќање на Студената војна.

Русија смета дека враќањето на практиката за испраќање стратегиски бомбардери на долги летови не претставува враќање и на Студената војна. ,,Нашите летови се според истите транспарентни и разбирливи правила како и на нашите американски партнери,, изјави првиот заменик премиер на Русија Сергеј Иванов. Според него, немало ништо загрижувачки во обновата на ваквите летови кои само ќе им помогнат на руските пилоти да го добијат потребното искуство.