Приштина: Евентуалната поделба на Косово е неприфатлива за косовскиот народ

Ветераните од расформираната Ослободителна војска на Косово соопштија дека евентуалната поделба на Косово би донесла нови војни на Балканот. Претседателот на воените ветерани на ОВК Фаик Фазлиу изјави дека поделбата на Косово е неприфатлива за косовскиот народ и оти повиците за поделба значат и повици за нови конфликти и војни во регионот.