Приштина: Можноста за поделба на Косово неприфатлива, изјава на Фатмир Сејдиу

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изјави дека можноста за поделба на Косово е неприфатлива, а неговата територијална целовитост, неприкосновена. Во меѓувреме, портпаролот на владејачката Демократска партија на Србија, Бранислав Ристивоевиќ, истакна дека Србија никогаш нема да се откаже од Косово и оти не отстапува ниту сантиметар од својата територија во замена за членство во некоја меѓународна организација или поради европска интеграција. Пратеникот на ЕУ во посредничкиот тим на Контакт групата за Косово Волфганг Ишингер неодамна изјави дека посредничката „тројка“ го прифаќа секое решение за кое ќе се согласат Белград и Приштина, вклучувајќи ја и поделбата на Косово.