Авганистанската полиција соопшти дека го нашла телото на вториот јужно корејски заложник убиен од талибанците во близина на градот Газни. Талибанците соопштија дека тој е убиен затоа што владата не ги ослободила талибанските заробеници. Тоа е второ убиено лице од групата од 23 јужно корејци кои Талибанците ги држат во заложништво од 19 јули.