Центарот за управување со кризи информира дека во тек е инсталирањето камери во шумите, со што ќе се олесни идентификувањето на подметнувачите на пожари. Од безбедносни причини не се откриваат локациите на камерите. Центарот соопшти дека во Јасен има пожар кон Солунска Глава и Белица. Во гаснењето на пожарот ангажирани се деведесет војници, а има потреба од уште триесетина. Шумските пожари биле активирани и на некои други локации во битолско, скопско, охридско.