Триполи: Сопругата на Саркози разговарала со Муамер Ел Гадафи

Сопругата на францускиот претседател Никола Саркози, Сесилија синоќа во Триполи, како што јавуваат агенциите, разговарала со либискиот лидер Муамер Ел Гадафи за ослободување на петте бугарски медицински сестри и на еден палестински доктор. Тие се осудени на доживотен затвор намерно заразување на повеќе од четиристотини либиски деца со вирусот ХИВ. Претходно тие беа осудени на смртна казна, но таа беше преиначена во доживотен затвор. Ова е втора посета на Сесилија Саркози на Либија во изминативе десетина дена.