Јунан: Поплави во Кина при што загинале 60 лица

Околу еден милион луѓе се евакуирани, а 60 загинале во поплавите што предизвикале и лизгање на земјиштето во Кина. Повеќето од загинатите се од провинцијата Јунан, која е една од најпогодените и каде илјадници домови се уништени.