Багдад: Двајца американски војници загинале во напади на ирачките бунтовници

Двајца американски војници загинале во нападите на ирачките бунтовници во изминативе неколку часа, соопшти американската команда во Багдад. Истовремено најмалку петмина ирачки војници биле убиени во експлозија на бомба поставена на патот што го поврзува главниот ирачки град со провинцијата Дијала каде што американските сили покренале голема операција против исламските екстремисти.