Водачот на Ал Каеда Осама Бин Ладен преку видео порака објавена на еден исламски интернет сајт, го пофали мачеништвото и оние кои што умираат во име на џихадот или светата војна. Во 40 минутниот видео запис се прикажуваат борците на Ал Каеда во Авганистан, а меѓу нив и Бин Ладен, кои им оддаваат почит на загинатите соборци. Последен пат видео снимка со лидерот на Ал Каеда беше објавена на 1 јули минатата година.