Во Брисел денеска почнува дво-дневниот самит на Европската Унија, на кој клучна тема е новата спогодба за функционирањето на Унијата, која е замена за пропаднатиот Устав. Полска најави дека ќе ја блокира спогодбата доколку не се промени односот на силите на земјите членки во однос на одлучувањето. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо предупреди дека неусвојувањето на спогодбата ќе доведе до намалување на кредибилитетот на Европската Унија.
Oвој самит на Европската Унија за многумина лидери е да се биде или не. Германија, како претседавач со Унијта уште неколку дена, настојува на овој самит да биде усвоена новата спогодба за функционирањето на Унијата. Канцеларот Ангела Меркел повика на надминување на поделбите, бидејки, како што изјави, само на тој начин Европа ќе може да се соочи со новите предизвици. Во писмото до сите 27 лидери, Меркел наведува дека мора да бидат завршени неопходните реформи на Унијата. Полска се противи на предложениот систем на одлучување во Унијата и најави дека ќе ја блокира спогодбата доколку не се направат измени во тој дел. Имено, предложено е одлуките на Унијата да се носат со двојно мнозинство, оdносно за изгласување се потребни 55 насто од земјите членки и минимум 65 насто од популацијата на државите. Претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо оцени дека новата спогодба е неопходна, за Унијата да го задржи кредибилитетот.
„Како ние европејците ќе го убедиме останатиот дел од светот дека сме сериозни кога зборуваме за климатските проемни, за глобализацијата, за меѓународниот тероризам, кога не сме способни да се договориме за нашите институции.“
Полска инсистира на, според неа, пофер систем на одлучување во Унијата, според кој и средните и помалите држави на Европската Унија би имале слично влијание како и големите. Многумина германски аналитичари оценуваат дека полските лидери и се одмаздуваат на Германија за окупацијата пред 60-тина години, а весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг оцени дека полскиот премиер уште од градинка гледа на германците како на Ес Ес смртоносни единици. Баросо пак потсети и на неопходната солидарност во Унијата, на која токму Полска се повикува кога има проблеми со Русија.
„Ги повикувам сите лидери на држави или влади да бидат решителни и конструктивни, а не да зборуваат за победи или порази.“
Апелира Баросо. Но и Велика Британија има свои забелешки, посебно на деловите за јакнење на заедничката надворешна политика и судството, а скептицизам на некои решенија во Спогодбата искажаа и Чешка и Холандија.