Скопје: Седница на собранието за гласање доверба на владата

Во Собранието денеска ке се одржи седница со единствена точка на дневен ред прашањето за доверба на Владата. Иницијативата за гласање доверба на владиниот состав предводен од премиерот Никола Груевски ја поднесе пратеничката група на СДСМ. Како причина за интерпелација на Владата, ја наведоа нестабилната политичка ситуација во Македонија. Според процедурата одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.