Канзас Сити: Три лица убиени во напад во трговски центар

Три лица се убиени во вооружениот напад што се случи во трговски центар во Канзас Сити, во Мисури, јавија американските медиуми. Еден од нив е и лицето што пукало. Медиумите пренесоа дека во текот на полициска контрола напаѓачот повредил еден од полицајците а потоа влегол во трговскиот центар и пукал од автоматска пушка.