Анкара: Средба Хавиер Солана – Али Лариџани

Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Хавиер Солана, денеска во Анкара се состанува со иранскиот претставник Али Лариџани, во уште еден обид да го убеди Техеран да ја запре нуклеарната програма. Иран го отфрла барањето на меѓународната заедница за прекинување на процесот за збогатување ураниум и покрај понудата од економски и безбедносни бенефиции.