Вашингтон: Сенатот усвои предлог закон за финансирање на војните во Авганистан и Ирак

Американскиот Сенатот усвои предлог законот за финансирање на војните во Авганистан и Ирак, со кој е одобрено 121 милијарда долари, но со услов за повлекување на трупите до 31 март 2008 година. Американскиот претседател Џорџ Буш најави дека ќе стави вето на било кој закон со кој се наметнува датум за повлекување на трупите. Американскиот Конгрес минатата недела усвои сличен предлог закон во кој 1 септември 2008 година беше одреден како краен рок за повлекување на американските трупи од Ирак.