Контролата на Државниот инспекторат за урбанизам ќе продолжи и доколку се утврдат неправилности и кај други општини во земјава, ќе им бидат одземени ингеренциите во сверата на урбанизмот, истакнуваат од Министерството за транспрот и врски од каде пред два дена им ги одзедоа надлежностите на две скопски оштини Кисела Вода и Центар. Во Министерството велат дека ингеренциите на двете општини за следните три месеци им се одземени согласно одредени критериуми, односно по контролите и укажувањата од страна на Државниот инспекторат за урбанизам за неправилности во делот на градежништвото. До општина Кисела Вода биле испратени 15 записници за неправилности, а во Центар 23 записници, и двете локални единици до завчерашниот рок кој им бил даден не реагирале за да ги исправат неправилностите. Согласно законот за локална самоуправа, како што појаснува портпаролот Ели Чакар, за секоја од пренесените ингеренции на локално ниво, надлежното министерство врши надзор и доколку има прекршување има право времено да им ја одземе функцијата на оппштините во одредена свера:
„Доколку надлежното министерството утврди неправилности во работењето, должно е да им укаже на работењето во одредена свера на единиците на локалната самоуправа, а доколку општините и покрај укажувањата и покрај преземените мерки и активности не го корегираат своето однесување тогаш надлежното министерство има право да им ги одземе надлежностите.“
Истакнува Чакар. Додека во општината Центар истакнаа дека очекуваат оти со поинтезнивна соработка меѓу надлежените инсититуции ќе се реши проблемот, градоначалникот на општината Кисела Вода Џорџе Арсов бурно реагира дека ќе вложи жалба до Владината второ степена комисија поради одземените ингеренции.
„Во наредниот период најмногу повторно ќе страдаат граѓаните, невините кои и во урбаната мафија биле жртви и во овој случај повторно се жртви.“
Посочува Арсов. Во Заедницата на единиците на локалната самоурава, допрва ќе се гради ставот за ваквиот чекор на централната власт. Но, претседателот на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС и градоначалник на Велес Аце Коцевски смета дека централните власти не треба да се одлучуваат толку брзо на ваков чекор:
„Сепак општините неможат да бидат виновни за се што се случува во сверта на урбанизмот бидејќи ние сепак ги презедовме надлежностите на 1 јули.“
Ова е второ одземање на надлежностите на општините. Во текот на минатиот месец Министертвото за образование им ги одзеде надлежностите на неколку општини во сверата на образованието. По бурните реакции ингеренциите им беа вратени.