Техеран: Иран оцени дека конференцијата за стабилизација на Ирак била конструктивна

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аркхи оцени дека мегународната конференција за стабилизација на Ирак што претходниот ден се одржа во Багдад , била конструктивна и одговорила на главната цел да му се пружи подршка на владата на ирачкиот премиер Нури Ал Малики. На конференцијата присуствуваа петте земји постојани членки на Советот за Безбедност на Обединетите нации мегу кои САД како и земјите од регионот како Иран и Сирија и арапските и исламските организации. Во експлозија на автомобил бомба во која цел било шиитско светилиште денеска во централен Багдад загинаа најмалку 19 лица додека 20 други се повредени. Ирачките официјлни претставници изјавија дека експлозијата се случила кога шиитските верници се вракале во Багдад од Карбала каде присуствувале на религиозна комеморација.