Пекинг: Кина е решена да го ограничи користењето фосилни горива

Кинески официјални претставници соопштија дека Кина е решена да го ограничи користењето на фосилните горива, кои го предизвикуваат глобалното затоплување, но оти за преминот од користењето на јаглен кон други енергетски извори ќе треба време. Според сегашните проценки, Кина во наредната декада ќе го превземе приматот од Соединетите Држави како најголем загадувач на атмосферата.