Во Белград денеска средба на претседателот Борис Тадиќ со претставници на политиките партии, тема косовскиот статус. Средбата која е во организација на Тадиќ има за цел постигнување на согласност за идните чекори за заштита на српските интереси во процесот на решавање на косовскиот статус.