Багдад: Најмалку 13 загинати при експлозија на бомба

Најмалку тринаесет луѓе загинале, а над триесет биле повредени во денешната експлозија на бомба на сточниот пазар во централниот дел на Багдад, соопшти ирачката полиција. Експлозивната направа била скриена во кавез со птици.