Вашингтон: Можно постепено повлекување на американските сили од Ирак?

Копретседателот на работната група на американскиот Конгрес за преиспитување на политиката во Ирак Ле Хамилтон изјави дека членовите на комисијата постигнале консензус и оти нивниот предлог ќе го објават на шести декември. Весникот Њујорк Тајмс дознава дека комисијата ќе препорача постепено повлекување на американските сили. Но, извештајот, како што пишува весникот, не се прецизирало дали тоа значи повлекување на борбените сили во касарните во Ирак или нивно целсоно повлекување од таа земја.