Москва: Фудбалерите на Спартак Москва пешки на натпреварот со Интер поради сообраќаен метеж

Сообраќаниот метеж околу Москва, вчера, ги принудил фудбалерите на Спартак да тргнат пеш кон стадионот каде го играа мечот со Интер во рамките на лигата на шампионите. Тие се решиле на тоа по три часа седење во автобусот и трчале два километра до најблиската метро станица. Рускиот тим инаку изгуби со 1 спрема нула од Интер.