Газа: Убиени петмина палестински милитанти

Петмина палестински милитанти, од кои четворица припадници на Хамас, биле убиени во најновите израелски воздушни напади во Појасот Газа. Според израелската армија, цел на нападите биле припадниците на Хамас кои биле вмешани во терористички акции врз цели во Израел.