Дамаск: Посета на генералниот секретар на ОН Кофи Анан

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан кој е на мировна турнеја по Блискиот Исток, денеска во Дамаск разговараше со претседателот на Сирија Башар ал Асад. Анан од него, како што е соопштено, добил поддршка за спроведување на резолуцијата за примирје во регионот. Генералниот секретар пред Сирија ги посети Либан, Израел и Јордан со намера да го зацврсти примирјето по едномесечната војна меѓу Изреал и Хезболах.