Либан: Посета на генералниот секретар на ОН Кофи Анан

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ќе престојува во посета на Либан на разговори за разместување на трупите на Обединетите Нации во мировната мисија на југот на земјата. Анан претходно ја поздрави одлуката на Европските земји кои ветија половина од потребните 15 илјади војници за мировната мисија. Тој побарал од Франција да раководи со силите до фебруари 2007, а потоа командата да ја превземе Италија. Либанската влада соопшти дека одлука на Европската Унија ќе и помогне во воспоставување на власта на југот каде што контролата порано ја имаше Хезболах. И Израел позитивно реагираше на најавените европски војници во рамките на мировната мисија на Обединетите Нации.