Анкара: Турција најави остри мерки против курдите

Турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган најави дека ќе преземе остри мерки против курдските сепаратисти, откако денеска тие убија осум членови на турските безбедносни сили. Ердоган соопшти дека утре ќе заседава владиниот кабинет за идните чекори против Курдската работничка партија, која ја нарече ,,терористичка организација,,.