Брисел: Недоволно консумирање на риба, зеленчук и овошје исто штетно како и пушењето

Недоволното конзумирање на рибата, овошјето и зеленчукот е исто толку негативно за човечкото здравје како и пушењето. Ова се вели во една холандска студија која Европската Агенција за безбедна храна ќе ја користи во анализите за ризиците од диетите, при што е заклучено дека повеќе сериозни болести се резултат на неправилни диети.